fbpx

About us

Преплет е концепт продавница и дизајн студио кое е создадено во 2013 година со цел да стане оптимистичко и инспиративно место кое ќе нè потсетува дека малите работи го прават моментот голем и секој ќе може да го пронајде совршениот и уникатен подарок за себе или за некој близок.

Основано од страна на Викторија Ланговска Хајредин и Магдалена Аврамовска, ова студио е место низ кое што поминале илјадници креативни пораки и фрази, без разлика дали потоа биле аплицирани на производи, споделени на социјални мрежи или, пак, разменети со најразлични соработници. Во 2018 година како уште еден дизајнер/проект менаџер во Преплет се приклучи и Емилија Ланговска.

Моментално тимот на Преплет брои 5 постојани членови и повеќе надворешни соработници.

Спектарот на производи кои се дел од рафтовите на Преплет постојано расте и се менува, но како едни од најбитните производи кои што останале низ годините можеме да издвоиме: постери, шолји, нотеси, тефтери, перничиња, тематски комплети, торби, лампи и уште многу други.

Како дел од концепт продавницата, изминатите неколку години Преплет почна да остварува соработки и со други помали креативни студија и дизајнери, со цел да се овозможи пласман и на нивните производи и да се надополни целосното искуство на купувачите.

Покрај сопствените колекции, Преплет има дизајнирано и остварено многу успешни соработки со поголеми фирми меѓу кои: Халк Банка, Телеком, Публицис, Искрател, Инскејл, Авицена, Протонлаб, Ред Бул, Космо, Кафе-книжарница „Три“, Литература, Портрет Магазин, Имика, Хера, Арно, Рош, Шпаркасе банка, ФИТР и др. Покрај проширување на нашата продажна мрежа, соработките вклучуваат и дизајн услуги, како изработка на постери, плакати, брошури, дизајн на амбалажи, логоа и брендирање, корпоративни подароци, изработка на излози, дизајн консултации и слично.

„Нашата цел при дизајнирањето е да создадеме дизајни и производи преку кои секој ќе може да си се поврзе на свој и индивидуален начин. Секој наш производ носи автентична порака на себе и има задача да остане парче кое ќе отсликува момент вреден за паметење.“

ПРЕПЛЕТ ДЕБАР МААЛО

Blagoj Davkov 7A, Skopje

Понеделник-петок 11:00 20:00
Сабота 11:00 16:00
Недела Затворено

0
    0
    Кошничка
    Кошничката е празнаКон продавница