fbpx

Уживање во есента со сите сетила

Малку дожд, малку сонце, домашен амбиент, пријатели и мирис на свежо печена торта. Есената е супер кога изгледа вака.
Дома кај мене не се баш љубители на торти ама затоа моите пријатели се. Јас сакам благо и уживам да го правам, а уште повеќе да го подарувам и да се сладам во друштво. Овој рецепт прв пат го правам во животот и можеби не е најсовршен на изглед, ама затоа е преубав на вкус. Поради оваа почетничка среќа со мерак го запишав мојот прв рецепт во новиот дневник за рецепти, за да си го запамтам, споделам и да се навраќам на него.
Не е воопшто тежок само треба трпение за кое верувајте вреди. 🙂


Во продолжение го споделувам рецептот, а нашиот најнов и супер корисен дневник за рецепти може да го најдете тука.

Рецепт за холандска торта од јаболки:

Состојки за тесто:
300г. брашно
150г. мек путер
150г. шеќер
1 јајце
прстофат сол

Состојки за фил:
5 големи јаболки
100г. шеќер
2 лажици цимет
1/2 сок од лимон
малку презла (може и не мора)

За преливот:
1 јајце за премачкување на горните кори

Подготовка:
Најпрво се мешаат брашното, шеќерот и прстофат сол. Потоа се додава мекиот путер и се замесува додека не се добие текстура на трошки. Потоа се додава јајцето. Се меси сѐ заедно, се формира топка и се замотува во целофан. Потоа се става 30мин. во фрижидер.
За тоа време се лупат и сецкаат јаболките. Во сад се мешаат јаболките, шеќерот, циметот и сокот од лимон.
Се одвојува 1/3 од тестото за горната решеткаста форма, а остатокот се распространува на тавчето со мала ивица од страна. Се става малку презла за да го упие сокот од јаболките кои се додаваат одозгора. На крај се прават ленти за да се формира таа решеткаста форма која краси. Истата се премачкува со едно јајце за да добие црвенкаста боја при печењето.
Се пече на 200 степени околу 45мин.

На здравје!

Пишува: Викторија Ланговска Хајредин

0
    0
    Кошничка
    Кошничката е празнаКон продавница