fbpx

Category / Uncategorized

    Loading posts...
  • Работи кои ја полнат чашата

    Најголемиот предизвик откако станав мајка (верувам дека и другите мајки ќе се пронајдат во ова) ми е да го најдам тоа време за себе па макар и било пола саат. Моите денови порано беа исполнети со премногу DIY проекти кои во голема мера ги канализирав за Преплет ама и покрај Преплет јас уживав во креативни проекти и низ дома. Во тие т.н. креативни проекти ги вклучувам и уредувањето и декорирањето на домот, рачни изработки од секаков вид, готвење на несекојдневни рецепти, тематски забави со пријатели и уште ред други работи кои мене ми причинуваат огромно задоволство. Но за жал, со многу, многу труд и екстремна организација можев да направам само некои 20% од работите што ги сакам. Првата година се фрустрирав. Втората некако почнав да се задоволувам со тие 20%, а третата веќе почнав да сфаќам дека и тоа малку слободно време морам да го пренасочам на еден поинаков начин за животен баланс и ментално здравје, а тоа е преку водење на дневник каков што не сум имала до сега.

  • На тема дневници…

    Уште од самите почетоци во асортиманот на производи беа и тефтерите кои јас и Магде ги правевме рачно. Тие беа со текстилни обвивки на кориците, меки и во внатрешната страна на корицата носеа по некоја порака. Следуваа уште многу други варијации, изработувавме многу различни и формати и техники па стигнавме и до тематските дневници.

    По сите овие години едно нешто имам сосема јасно сфатено. – Да се погоди дизајнот на одреден дневник за да ти „легне” и лесно да се приврзеш за него и да без проблем да можеш да го пополнуваш е всушност многу тешко.

0
    0
    Кошничка
    Кошничката е празнаКон продавница