fbpx

Политики за користење на системот за електронска трговија

Политики за користење на системот за електронска трговија.

Со самиот пристап на интернет-страницата на „Преплет Дизајн ДОО“ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

„Преплет Дизајн ДОО“ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

1. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

„Преплет Дизајн ДОО“ ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Македонија. Нема да ги објави личните податоци пред ниедна трета страна освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Како лични податоци се сметаат: име, презиме, ЕМБГ, адреса, е-пошта и сл. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. „Преплет Дизајн ДОО“ не сноси никаква одговорност доколку внесените податоци не се точни.

2. ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

„Преплет Дизајн ДОО“ ги презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неавторизиран пристап, промена или уништување. „Преплет Дизајн ДОО“ за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на Вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до какви било информации поврзани со Вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг-центарот кој ги процесира трансакциите за електронско плаќање.

3. ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа Политика се однесува на испораката на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку Македонска Пошта, Пост Експрес и DHL на адресата која е наведена во порачката.

Во Македонија, нарачките пристигнуваат во рок од 1-2 работни дена (за времетраењето на доставата не се сметаат недела, празници или други неработни денови).
Надвор од Македонија, нарачките пристигнуваат во рок од најмалку 2 работни дена во зависност од компанијата за достава која ќе се одбере при нарачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет-страница.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака, можете директно да нè контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за е-контакт.

4. ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

„Преплет Дизајн ДОО“ ќе врши поврат на средствата на купувачот доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, при што во барањето ќе се наведат датумот и износот на извршената погрешна уплата.

5. Сите производи како и дизајни, цртежи и пораки се во сопственост на „Преплет Дизајн ДОО“ и не е дозволено да се препродаваат без дозвола. Нивната неавторизирана употреба е строго казнива. Дел од производите на „Преплет Дизајн ДОО“ се продаваат и во специјализирани продавници, и студиото е отворено за соработка само со претходно скучен договор помеѓу двете страни.

Доставата на производи порачани по електронски пат низ Македонија се извршува преку сопствена дистрибуција низ Скопје и Пост Експрес/Тотал Пост низ Македонија.

При купување на некој производ со испорака надвор од Македонија, имате можност да одберете една од двете наведени компании за испорака, а тоа се DHL или Македонска Пошта. Цените за испорака надвор од Македонија варираат во зависност од компанијата која ќе се одбере.

Пратката секогаш ќе ви биде доставена на адресата која е наведена во порачката. Покрај адреса потребно е да се остави и македонски број со цел лицето да се контактира при достава.

Во Македонија – Нарачките пристигнуваат во рок од 1-2 работни дена (за времетраењето на доставата не се рачунаат недела, празници или други неработни денови).
За надвор од Македонија – Нарачките пристигнуваат во рок од минимум 2 работни дена во зависност од компанијата за достава која ќе се одбере при нарачката.

Цените за испорака ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата и ќе можете да ги видите со самото кликање на одбраната компанија.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.

Сите наши производи се креативно спакувани и при нарачката истите би ги добиле подготвени како подарок. Доколку нарачувате повеќе производи во исто време, а би сакале да ги подарите на различни места, слободно можете да ни пишете и ние ќе ви ги спакуваме одделно како посебни подароци.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски на 075 56 56 76 или да поставите прашање на некој од нашите контакт меилови.

0
    0
    Кошничка
    Кошничката е празнаКон продавница