Loading cart contents...
Tag / ментално здравје
-
Работи кои ја полнат чашата
Најголемиот предизвик откако станав мајка (верувам дека и другите мајки ќе се пронајдат во ова) ми е да го најдам тоа време за себе па макар и било пола саат. Моите денови порано беа исполнети со премногу DIY проекти кои во голема мера ги канализирав за Преплет ама и покрај Преплет јас уживав во креативни проекти и низ дома. Во тие т.н. креативни проекти ги вклучувам и уредувањето и декорирањето на домот, рачни изработки од секаков вид, готвење на несекојдневни рецепти, тематски забави со пријатели и уште ред други работи кои мене ми причинуваат огромно задоволство. Но за жал, со многу, многу труд и екстремна организација можев да направам само некои 20% од работите што ги сакам.
Loading posts...