УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
ПОЛИТИКИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ЕЛЕКТРОНСКА ТРГОВИЈА
Со самиот пристап на интернет-страницата на „Преплет Дизајн ДОО“ и при нарачка на производите/услугите, давате согласност дека ги прифаќате условите од оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.
„Преплет Дизајн ДОО“ ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.
Сите производи како и дизајни, цртежи и пораки се во сопственост на „Преплет Дизајн ДОО“ и не е дозволено да се препродаваат без дозвола. Нивната неавторизирана употреба е строго казнива. Дел од производите на „Преплет Дизајн ДОО“ се продаваат и во специјализирани продавници, и студиото е отворено за соработка само со претходно скучен договор помеѓу двете страни.
ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ
Оваа Политика се однесува на испораката на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани на адресата за испорака која задолжително треба да ја наведете при креирање на нарачката.
Купувањето преку нашата интернет страница може да ја реализирате од било кој дел на светот, но испораката може да ја спроведеме само на територијата на Република Македонија.
Во Скопје, нарачките пристигнуваат во рок од 1-2 работни дена (за времетраењето на доставата не се сметаат недела, празници или други неработни денови).
Во останатите градови од Македонија, нарачките пристигнуваат во рок од 2 до 4 работни дена (за времетраењето на доставата не се сметаат недела, празници или други неработни денови).
Доставата на производи порачани по електронски пат низ Македонија се извршува преку Урбан Деливери Сервис или сопствена дистрибуција низ Скопје и Пост Експрес/Тотал Пост низ Македонија.
Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет-страница.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка ли со плаќање во готовина при достава. Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака, можете директно да нè контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за е-контакт.
ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ
„Преплет Дизајн ДОО“ ќе врши поврат на средствата на купувачот доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, при што во барањето ќе се наведат датумот и износот на извршената погрешна уплата.
ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ И ЗАМЕНА НА ПРОИЗВОДИ
Купувачот има право да врати купен производ во период од 15 дена од датумот на испорака, под услов производот кој се враќа да е во иста физичка состојба во која е испорачан, неотпакуван и неупотребуван, со сите етикети и ознаки кои ги имал при приемот.
Купувачот има право да врати купен производ во рок од 5 дена од приемот на прозиводот, доколку производот не соодвестува на сликите и квалитетот во описот на веб страната.
Доставата на производи порачани по електронски пат низ Македонија се извршува преку Урбан Деливери Сервис или сопствена дистрибуција низ Скопје и Пост Експрес/Тотал Пост низ Македонија.
Пратката секогаш ќе ви биде доставена на адресата која е наведена во формата при нарачка. Покрај адреса потребно е да се остави и македонски број со цел лицето да се контактира при достава.
Цените за испорака ќе бидат истакнати на оваа интернет страницата и ќе можете да ги видите со самото кликање на одбраната компанија.
Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка ли со плаќање во готовина при достава.
Поштенските трошоци се вклучуваат при нарачката во крајната цената на производот.
Сите наши производи се креативно спакувани и при нарачката истите би ги добиле во ќеса подготвени како подарок. Доколку сакате да бидат спакувани во декоративна кутија, дополнително треба да ја нарачате соодветната големина, освен кај веќе припремените сет подароци во кои е наведено дека кутијата е вклучена во содржината и цената.
Преплет го задржува правото да објавува називи, модели и други информации за производот на англиски јазик, кога:
– Постои ризик од губење на битни информации при преводот
– Нема иста или слична терминологија на македонски јазик
За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски на 075 56 56 76 или да поставите прашање на некој од нашите контакт меилови.