Како да додадете плиш во вашиот живот @viktorijalang

Одсекогаш сум “паѓала” на плишани работи. Можеби затоа и дома софата ми е плишана, една винтиџ лампа чека да ја претапацирам плишана, а кога се работи за облека или аксесоари, кога ќе размислам ги имам доста. 💫 Без разлика дали се работи за некој предмет во ентериер или моден додаток плишот веќе некое време е доста во мода и може често да де сретне.Самиот материјал дозволува лесно да премине во кич, па затоа најлесната опција е да се употребува во мали дози што во дизајнерскиот свет би значел детали. 

⭐️ На пример детал може да биде една плишана фотеља, еден плишан чаршав за маса, едно плишано перниче во ентериерот, а во модниот изглед буквално сè може може да користите како плишан детал па дури и чорапи. Колку и да ви звучи екстремно, непрактично и нелогично верувајте може да бидат клучното парче со кое ќе се чувствувате посебно и различно.

⭐️ Токму затоа од неодамна во Преплет дизајниравме плишани чорапи и достапни се за сите кои сакаат да внесат малку возбуда во секојдневието.

⭐️ Плишаните чорапите се откачени сами по себе па затоа дозволуваат да ги комбинираме буквално со секој тип обувка. Викам обувка зашто тоа може да биде и патика и штикла и сандала и елегантна кондура па дури и папуча. За оние позимурливите како мене, ова е уште една причина плус да ја оправдам употребата на чорапи и онаму каде што “не треба” и притоа да се осеќам гордо. 🙃


Се надевам барем малку ви ја пренесов мојата плиш манија и вашиот плакар ќе добие нови модни акценти почнувајќи со овие екстремно уникатни и дефинитивно НЕ досадни и НЕсекојдневни чорапи 🤩

Дајте им шанса.